Именување на растенијата


Во светот постојат илјадници видови на растенија. Со цел да се воспостави систем во кој еден вид ќе има уникатно име разбирливо независно од говорниот јазик, Шведскиот ботаничар Карл Лине измислил револуционерен систем за именување, кој се применува и денес. Од овие причини Лине е познат како таткото на таксономијата која претставува наука за именување и класифицирање на организмите.


Претходно, имињата на растенијата биле на латински јазик, но многу долги и непрактични (на пр. Plantago foliis ovato-lanceolatis pubescentibus spica cylindica scapo terete. Лине овој вид го именувал едноставно Plantago media. На овој начин тој воспоставува име за секој вид составено од само два збора. Покрај конкретноста, системот на Лине во именувањето често опфаќа и врски меѓу различни видови. Па така, тој ги поделил растенијата и животните во класи, редови, родови и видови. Организмите биле сместени на различните хиерархиски нивоа на база на заеднички карактеристики како што се сличностите во делови од телото, големина, форма и начин на исхрана.


И денес се применува воспоставениот систем на класификација и именување на различните видови организми.Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.


Автор: М-р Марија Тренчева, асистент на институтот за биологија

Scroll to Top