Кошаниновата темјанушка (Viola kosaninii) е субендемично растение во флората на Македонија. Името го добила по познатиот српски ботаничар Недељко Кошанин (1874-1934). Спаѓа во фамилијата Violaceae или фамилијата на темјанушки. Ова растение се наоѓа на 4 локалитети по должината на клисурата на реката Треска. Дел од нејзините популаци беа уништени за време на изградбата на пристапниот пат помеѓу с. Нова Брезница и браната Козјак. За разлика од останатите видови на темјанушки што се сретнуваат кај нас и претставуваат тревести растенија, овој вид на темјанушка е грмушесто растение. Расте по пукнатините на вертикалните карпи и е дел од растителните заедници што ги формира хазмофитската вегетација. Цвета рано на пролет кон крајот на месец март и почеток на месец април со убави виолетови цветови. Единки од ова субендемично растение успешно виреат и во Ботаничката градина.Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.
Автор: Сара В. Цветаноска, асистент на институтот за биологија