Македонски Национален Хербариум

Македонскиот национален хербариум е сместен на Институтот за биологија при Природно – математичкиот факултет во Скопје и постои од самото формирање на факултетот во далечната 1946 година. Основач на хербариумот е академик Кирил Мицевски, редовен професор по систематика и филогенија на виши растенија и фитоценологија. Во 2009 година, хербариумот официјално е регистриран како Macedonian National Herbarium (MKNH).

Македонскиот национален хербариум, е еден од најголемите хербриуми на Балканот. Во него е сместена збирка од хербаризирани растителни примероци, која денес брои преку 150000 примероци. Дел од примероците, колекционирани главно од ботаничари и флористи од други земји, потекнуваат од почетокот на XX век.


За огромното значење на хербариумската збирка придонесува и присуството на голем број холотипови- примероци од растенија врз основа на кои е опишан нов вид, односно таксон за науката. Дел од овие холотипови се наоѓаат и во хербариуми од други земји, меѓутоа голем дел од нив се сместени во хербариумот на Институтот за биологија.


Автор: Ангела Ш. Иванова, дипломиран биолог

Scroll to Top