
Јапонскиот јавор потекнува од Јапонија, Кореа и Кина, но како декоративно растение во градините е широко распространет вид низ целиот Свет. Постојат повеќе од 1000 различни вариетети на јапонски јавор, кои се разликуваат по големината, формата и бојата на листовите, како и отпорноста на климатските услови. Листовите се зелени во пролет и лето, но на есен ја менуваат бојата во светло црвена, портокалова или златна. Во јапонската култура, Acer palmatum симболизира убавина, мир и елеганција.