
Аронијата претставува повеќегодишна, листопадна грмушка која природно се развива во источниот дел на Северна Америка. Постарите преставници од овој вид може да формираат и облик на ниско дрво, меѓутоа просечниот раст е 2,5 до 3 метри. Во исхраната или за медицински цели се употребува плодот од аронијата. Аронијата своето име го добила од грчкиот збор „aros“ кој во превод означува помош или полза.