
Името на растението потекнува од грчкиот збор „kykas“, со кое Теофраст означувал некој непознат вид палма. Потекнува од Источна Азија, распространет од југот на Јапонија, сé до Јава. Стеблото на ова растение не е повисоко од 3,5 м, потсетува на палма, меѓутоа не припаѓа на палмите, туку на една стара растителна група голосемени растенија. Ботаничката градина располага со еден примерок, стар околу 60 години.