Ecballium elaterium (L.) A. Rich.

Лудата краставица е тревесто растение со прилегнато и силно разгрането стебло. Целото растение е препокриено со бодликави влакненца. Во зрелите плодови се создава зголемен осмотски притисок кој допринесува тенките ѕидови од плодот да распукаат, исфрлајќи ја внатрешноста заедно со семето. Овој механизам може да се наруши во случај на недостиг на вода. Се развива како рудерално растение, најчесто покрај патишта, огради, напуштени обработливи површини, стари градби. Природно се развива во Медитеранот и Југоисточна Европа.

Scroll to Top