
Ехинацеата е повеќегодишно тревесто растение, со исправено стебло, високо од 50 до 120 cm. Во зависност од климатските услови, цвета во период од лето до доцна есен. Најдобро се развива на добро дренирана подлога и целодневна сончева експозиција. Природно се сретнува во источниот и централниот дел на Северна Америка, меѓутоа, поради своите лековити својства, широко е распространета како култивирано растение. Ехинацеата делува како силен имуностимуланс кој го подобрува одбранбениот систем на организмот.