Ginkgo biloba L.

Името на ова растение потекнува од јапонското име gin-kyo. Гинкото потекнува од Кина, Кореа и Јапонија. Според фосилните наоди, ова растение постоело уште во мезозоикот, кога било распространето во Европа и во Америка. Глацијалните процеси во дилувиум ги уништиле неговите популации насекаде во светот, освен во Кина – провинција Сечуан, каде што и денес се развива во природни услови.

Scroll to Top