
Познато и под името „восочен цвет“, ова повеќегодишно растение често се одгледува како декоративно растение. Името го добило по англичанецот Томас Хој. Се развива во вид на ползечко растение прикрепено на соседните растенија или предмети. Тоа е препознатливo по своите јајцевидни листови. Во природна средина, главното цветање е во јуни, понекогаш проследено со друго во септември. Се карактеризира со слаб, но карактеристичен мирис. Овој вид се сретнува во Источна Индија, Јужна Кина, Тајван, Мјанмар, Виетнам, Малезија, јапонските острови Кјушу и Рјукју, островите Фиџи, каде што расте во влажни суптропски шуми.