Hypericum perforatum L.

Засекливата трева е повеќегодишно растение, високо од 30 до 100 cm., кое кон врвот е силно разгрането и најчесто со две испакнати ребра по должина на стеблото. Се сретнува покрај патишта, по шумски рабови на дабовите шуми, чистинки и ливади. Распространет е во голем дел од Европа, северно до Средна Скандинавија, источно до Кина и јужно до Северна Африка. Пренесен е и во Северна и Јужна Америка, Австралија и Нов Зеланд.

Scroll to Top