Блатната перуника претставува повеќегодишно растение, кое се сретнува на влажни ливади, покрај реки и потоци, барски екосистеми и канали. Природно расте во Европа, Северна Африка, Северна и Јужна Америка и Нов Зеланд. Интересно за ова растение е тоа што покрај во слатките води, успешно се развива и во засолени води. Во хортикултурата се користи како декоративно растение, додека во народната медицина, ризомот од ова растение, наоѓа примена како диуретик и за лечење егзема. Во минатото се користеле семињата од ова растение како замена за безкофеинско кафе.