
Лавандата претставува повеќегодишно растение со разгрането стебло, високо од 20 до 70 cm, на кое се поставени долги, тенки, влакнести листови. Се сретнува по камењари, насипи, се одгледува како лековито и декоративно растение во градините и на плантажите за комерцијално производство. Лавандата е медитеранско растение, распространето од Шпанија, па се до Грција. Како култивирано растение е распространета се до Англија.