Камилицата претставува едногодишно растение со разгрането стебло кое може да порасне од 10 до 60 cm во висина. Растението има карактеристичен мирис. Расте покрај патишта, ораници, на насипи, по дворови и покрај куќи, по ливади и покрај рабовите на шумите. Се развива во голем дел од Европа, преку Мала Азија, Иран и Индија сè до Јапонија. Подоцна е пренесена во Австралија и Северна Америка.