
Маточината претставува повеќегодишно тревесто растение со четириаголно исправено стебло. Може да израсне од 30 до 100 cm во висина. Се смета дека потекнува од Источен Медитеран, меѓутоа, се сретнува и на Кавказ, распространета е и во делови од Иран па се до Северозападен Сибир. Се одгледува како култивирано зачинско растение и во останатите делови на Европа, Азија и Северна Америка. Се развива покрај меѓи, камени ѕидови, во близина на населени места и покрај грмушки. Медицинските истражувања потврдиле дека маточината има високо седативно дејство, слично како и питомото нане и камилицата.