Босилокот е едногодишно растение со исправено, силно разгрането, грмушесто стебло кое достигнува висина од 20 до 50 cm. Се претпоставува дека босилокот потекнува од Јужна Азија, од каде е пренесен во многу предели на умерениот појас. Најчесто се одгледува како култивирано растение во градините поради своите лековити, декоративни, ароматични и зачински својства.