
Крмосот е повеќегодишно растение, високо од 1 до 3 метри со задебелен корен и најчесто со црвенкасто, голо, разгрането стебло. Се одгледува како декоративно растение, но се сретнува и како диворастечко растение помеѓу градинарски насади, покрај патишта, чистинки и насипи. Потекнува од Северна Америка. Денес е широко распространет како декоративно и лековито растение.