Thymus skopjensis Micevski & Matevski

Скопската мајчина душичка претставува локален македонски ендемит, откриен во клисурата на реката Треска. Видот може да се сретне само тука и на ниту едно друго место во светот. Како и сите останати видови од родот Thymus и ова растение се карактеризира со голем број лековити својства, но бидејќи станува збор за растение кое расте на мала површина, не се препорачува негова употреба. Прекумерното берење може да доведе до негово исчезнување.

Scroll to Top