Abies alba Mill.


Елата претставува голосемено растение со исправено стебло кое достигнува висина до 40 метри. Се развива на силикатна подлога, но најчесто се сретнува на неутрална, слабо кисела, а во некои случаи и екстремно кисела подлога. Најдобро успева на свежа хумусна почва и релативно висока влажност на воздухот. Чувствителна е на загаден воздух. Максималната висина ја достигнува на 200 години, додека животниот век на овој вид изнесува 500 години старост. Елата се сретнува во умерените климатски зони, до 1.500 метри надморска висина, главно во планинските региони на Европа. Природно потекнува од Алпите, Пиринеите, Карпатите и Балканскиот Полуостров.

Scroll to Top