За нас

Историја на Ботаничката градина
Ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет во Скопје организационо припаѓа кон Ботаничкиот завод на Институтот за биологија. Активностите околу нејзиното формирање се започнати во 1948 година, додека во 1951 година била службено отворена. Во 1977 година таа се издвоила како самостојна работна единица во состав на Заводот за ботаника. Располага со два стакленици, еден ладилник, објект за аклиматизација на ретки, реликтни и ендемични видови од македонската флора, објект за зачински, ароматични и лековити растенија и голема дворна површина во која се наоѓа и летна училница за воннаставни едукативни активности.
Што нуди Ботаничката градина?
Во Ботаничката градина се одгледуваат автохтони и алохтони растенија за потребите на наставно-образовниот процес, научно-истражувачката дејност и заштита на биолошката разновидност. Во последните години, Ботаничката градина интензиво е вклучена во реализација на воннаставни едукативни активности за учениците од основните и средните училишта. Досега се реализирани повеќе од 2500 едукативни работилници за ученици од основно и средно образование, како и дечиња од предшколска возраст. Покрај овие возрасни групи Ботаничката градина едуцира студенти и заинтересирани посетители.
