
Полскиот јавор е дрво кое достигнува висина до 20 метри. Кората кај овој вид е сиво-кафена и надолжно грубо напукната. Развива петоделни листови и жолтеникаво-зелени цветови кои се развиваат по разлистувањето. Ареалот на распространување ја зафаќа цела Европа, Кавказ, Мала Азија и Северна Африка. Во Македонија обично се сретнува во дабови шуми, а влегува и во состав на подгорската букова шума.