Achillea millefolium L.


Ајдучката трева е повеќегодишно, интензивно ароматично, влакнесто растение кое може да порасне од 20 до 80 cm. Ајдучката трева е често растение кое се сретнува покрај патишта и огради, покрај насипи, шумски одрони, покрај меѓи. Општо е распространета во најголем дел од Европа, голем дел од Азија, во Северна Америка, Нов Зеланд и Јужна Австралија. Ајдучката трева е многу ценето лековито растение, кое се користи за лекување на рани и кожни заболувања, а исто така помага и при проблеми со дигестивниот и респираторниот систем.

Scroll to Top