Aesculus hippocastanum L.

Дивиот костен претставува дрво високо до 30 метри, со широка и разгранета крошна. Листовите се големи и поделени најчесто на 7 дела. Цветовите се бели и групирани во соцветија на врвот на гранчињата. Дивиот костен претставува балкански реликтен вид, кој во Македонија, природно се сретнува по течението на реката Црн Дрим и притоките, Галичица (Длабок Дол), планината Бистра (Мала Река и Суви Дол). Иако се работи за редок вид, дивиот костен има широко распространување како медоносно и декоративно растение по парковите, градините и градските дрвореди. Цвета во периодот од мај до јуни, веднаш по разлистувањето.

Scroll to Top