Artemisia absinthium L.

Пелинот е повеќегодишно растение со силно, разгрането, задрвенето стебло, високо од 60 до 120 cm. Доколку се обезбедени сите потребни услови за непречен раст и развој, пелинот може да достигне старост од 3 до 10 години. Расте покрај патишта, напуштени обработливи површини и покрај шумски рабови, на хранлива и сува подлога. Целото растение е со изразени ароматични својства. Се смета дека оригиналното потекло на пелинот е од солените степи на Источна Европа и Централна Азија, од каде, човекот го има пренесено во други делови на светот.

Scroll to Top