
Невенот е едногодишно или поретко двегодишно растение со кратко, во горниот дел разгрането стебло, високо од 30 до 50 cm. Невенот е од почестите растенија кое се одгледува во градините. Може да се сретне и како диворастечко растение покрај патишта и огради. Се смета дека невенот е медитерански вид кој со интензивното одгледување е распространет низ цела Европа. Со оглед на високиот процент на етерични масла и лековити својства, невенот има широка примена во народната и модерната медицина.