
Хималајскиот кедар е голосемено растение со исправено стебло кое може да достигне висина и до 50 метри. Природно се сретнува во северозападните предели на Хималаите од 1100 до 3000 метри надморска висина, најчесто на силикатна подлога. Често се сретнува во асоцијации со борот и елата. Расте на длабоки и добро дренирани почви. Најдобро успева во предели со висока влажност на воздухот. Младите примероци се чувствителни на мраз и студени ветрови. Се одгледува како декоративно растение во градините, самостојно или во мали групации.