
Кафето е декоративна грмушка со сјајни зелени листови. Во природни услови се развива како мала грмушка или ниско дрво. Води потекло од Етиопија, каде што во почетокот се користеле зрната и листовите за закрепнување, но подоцна луѓето откриле дека зрната може да се печат и мелат за приготвување напитоци. На ова растение му е потребна една година да порасно, а 5 години за да го достигне својот целосен потенцијал за да произведе плодови.Просечно, од едно дрво се добиваат од 500 до 1000 грама печени зрна кафе, годишно.