
Dracunculus vulgaris или познато како „Змејско цвеќе“, претставува помалку чудно и бизарно растение од фамилијата Araceae, ендемично за Балканот. Природно се развива во Источен Медитеран, Егејските Острови и делови од Турција. Во Македонија се сретнува во околината Гевгелија, Богданци и Дојран. Карактеристично за ова растение е спектакуларниот темно-виолетов цвет со особено интензивен, непријатен мирис кој потсетува на расипано месо, со кој привлекува специфични опрашувачи.