Euphorbia abyssinica J.F.Gmel.

Претставува големо сукулентно растение, налик на исправено дрво, кое во природни услови може да достигне висина од 9 до 10 метри. Карактеристично е за сувите предели на Сомалија, Етиопија, Судан и Еритреја. Со текот на својот развој, стеблото преминува во задрвенета форма, кое подоцна се искористува како градежен материјал или во изработката на мебел, додека млечниот сок коj го содржи растението се користи во народната медицина.

Scroll to Top