
Африканската млечка, потекнува од Средна Африка и се одликува со триаголно меснато стебло, по чии краеви се развиваат темно – зелени или црвенкави листови. Често помеѓу луѓето е познато како „кактус“, иако нема никаква систематска поврзаност со групата кактуси. Euphorbia trigona е сукулент, отпорен на суша. Идеално успева во суви и топли услови, што ја прави одлична за љубителите на растенија кои не можат да водат грижа за редовно полевање. Ова растение содржи млечен латекс кој може да биде иритирачки за кожата и очите.