Geranium macrorrhizum L.

Здравецот е повеќегодишно растение со стебло високо од 20 до 70 cm. и силно задебелен корен. Целото растение е влакнесто. Се развива на влажни места, покрај извори, потоци и слично, по брдски и планински предели до 2000 м.н.в. Во појужните делови од ареалот на распространување, се јавува како многу чест вид. Се одгледува и како украсно и лековито растение во градините. Се сретнува во Средна и Јужна Европа и земјите од Балканскиот Полуостров. Свежиот здравец содржи голем процент на етерични масла со многу интензивен мирис.

Scroll to Top