
Потекнува од пределите на Австралија и Нов Зеланд. Се развива како дрвенесто растение, но може да биде во форма на ниска грмушка или полегнато растение. Широките листови во големи количини ослободуваат кислород и се добри прочистувачи на воздухот. Оваа карактеристика го прави растението поволно за одгледување како декоративно растение или растение кое би се одгледувало во затворен простор.