
Сириски хибискус, познат и како летен хибискус, е декоративно растение, атрактивно по своите големи и спектакуларни цветови. Иако името “сириски хибискус” може да сугерира дека потекнува од Сирија, растението всушност води потекло од источна Азија, Цвета од лето до есен со впечатливи розеви, бели, виолетови и црвени цветови, што го прават чест избор за декоративни градини. Hibiscus syriacus е многу отпорен на сушни услови и може да расте во различни видови почви. Во традиционалната медицина се употребува во третманите на различни здравствени состојби, како што се воспаленија и кожни болести.