Laurus nobilis L.

Ловорот претставува зимзелено растение кое природно се сретнува во областа на Медитеранот. Се развива во вид на грмушка или ниско дрво со максимална височина од 18 метри. Со оглед на тоа дека овој вид природно се развива во сушни и топли предели, се карактеризира со особено бавен раст. Не бара посебна нега или тип на почва, што го прави погоден за одгледување во домашни услови како украсно растение или растение кое дополнително ќе се употребува поради неговите ароматични својства.

Scroll to Top