Origanum vulgare L.

Дивото оригано е повеќегодишно, ароматично растение со интензивен и пријатен мирис. Достигнува висина до 90 cm. Се сретнува по осветлени шумски рабови, покрај стази и патишта, по шумски чистинки, по камењари. Најдобро успева на топли, суви и сончеви места. Се развива во голем дел од Европа, oд Ирска и Шкотска, средишниот дел од Скандинавија, на југ до Медитеранот и источно до Сибир. Голем дел од лековитите својства на дивото оригано се препишуваат на високиот процент на етерични масла кои ги содржи.

Scroll to Top