Picea abies (L.) H. Karst.

Коренот на името доаѓа од латинскиот збор „pix“, што значи смола, а е во врска со големите количини смола кои ги создаваат некои видови од овој род. Смрчата е широко распространета во Европа, од Скандинавија на север, до Балканскиот Полуостров, зафаќајки го висинскиот појас од 1000-2300 м. На територијата на Македонија, во близина на Маврово, како и мала популација во Малешево, се наоѓаат едни од најјужните тoчки на распространување на овој вид на Балканскиот Полуостров.

Scroll to Top