Pilea peperomioides Diels

Ова растение кај народот е познато под името „кинеско дрво на парите“. Природно се развива во пределите на провинциите Јунан и Сичуан во Јужна Кина. Претставува исправено, зимзелено растение со сјајни темно – зелени, кружни листови со листна дршка прикачена близу средината на листот. Во својата природна средина, растението има статус на загрозен вид, меѓутоа на територија на Кина и широко низ светот се одгледува како култивирано и декоративно растение.

Scroll to Top