
Кавкаскиот орев е листопадно дрво, високо 20-30 метри, со големи повеќеделни листови. Цветовите се неугледни и групирани во висечки реси. Плодовите се едносемени оревчиња со крилца, по кои е дадено името на овој род, кое потекнува од грчките зборови pteron, што значи крило и karyon – орев. Ареалот на овој вид е на просторот од Кафказ до северен Иран.