
Прнарот природно се сретнува во медитеранските региони на Европа, Азија и Африка. Во Европа, особено е распространет во Шпанија, Франција, Италија и Грција, а може да се забечежи и во јужните делови на Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ја и Македонија. Ова растение може да се развие како грмушка или мало дрво со висина од 3 до 5 метри. Листовите се тесни, кожести и црнозелени со остри рабови. Ова дрво има важна улога во спречување на ерозијата на почвата, особено во сувите и планинските региони. Поради својата издржливост и способност да расте во тешки услови, тоа е важен вид за зачувување на природните екосистеми.