Ricinus communis L.

Рицинусот претставува повеќегодишна разгранета грмушка која, во зависност од местоположбата каде се развива, достигнува висина од 0,5 до неколку метри. Поради климатските услови, кај нас најчесто е едногодишно растение кое достигнува висина и до 2 метри. Најчесто се одгледува како култивирано растение на ровка и многу плодна почва. Природно се развива во пределот на тропска Африка и јужниот дел на Азија, меѓутоа, со влијание на човекот, подоцна е распространет во пределот на Медитеранот и пошироко. Семките од рицинусот во својот состав содржат значителни количини на рицинусово масло како и рицин кој што е токсичен.

Scroll to Top