
Силно разгранета, зимзелена грмушка која се карактеризира со висок процент на ароматични својства. Природно се развива во Јужна Европа, западниот брег на Мала Азија и Северна Африка. Поради своите ароматични својства, рузмаринот како култивирано растение се одгледува на големи површини во различни делови од Светот и има широка комерцијална примена. За таа цел се употребуваат листовите од самото растение. Најзначајна употреба има чистото етерично масло.