
Дивата шимширка е медитеранска грмушка кој природно се развива во западна, јужна и југоисточна Европа, Мала Азија и северна Африка. Претставува зимзелено растение без листови. Формира филокладии, кои наликуваат на листови. На нив се формираат мали неугледни цветови од кои потоа се образуваат црвени плодови. Дивата шимширка е отровно, но лековито растение. Често се користи во цвеќарството како декоративно растение.