Salvia officinalis L.

Жалфијата претставува ароматична, ниска грмушка со задрвенето стебло високо од 20 до 70 cm. Гранчињата најчесто се прилегнати по подлогата и се разгрануваат или се веднаш исправени. Жалфијата се развива по варовничките камењари во подрачјето на Медитеранот. Се смета дека потеклото на жалфијата е од Балканскиот Полуостров од каде се проширила кон Западен Медитеран. Како култивирано растение се одгледува речиси низ цела Европа и делови од Северна Америка.

Scroll to Top