Sambucus ebulus или бозел, преставува повеќегодишно тревесто растение кое може да израсне и до 2 метри. Во месец јуни формира бели или црвеникави цветови со непријатен мирис. Ова растение е отровно и не треба да се меша со дрвенестиот вид Sambucus nigra кој се користи во народната медицина како чај или прехрамбената индустрија за производство на сокови и сл.