
Sideritis raeseri, познато уште како „Планински чај“ или „Галичички чај“ е балкански ендемит, кој се развива на варовнички камењари во југозападниот дел на Балканскиот Полуостров. Во Македонија се среќава само во субалпскиот појас на планината Галичица и во Мариово. Како и останатите видови од овој род има антиинфламаторно, антикоагулантно, антихипертензивно, антиспазмодично, антибактериско, седативно и антиоксидативно дејство поради што често се користи за подготовка на чај.