
Ниско, прилегнато растение кое наликува на густо разгранета полугрмушка со округло или четириаголно стебло на кое се формираат адвентивни коренчињ и кон основата e задрвенето. Се сретнува на сончеви места, на кисела или алкална подлога. Природно се сретнува во јужна Европа, од западен Медитеран до јужна Италија. Родот Thymus опфака повеќе од 40 видови кои се развиваат ширум Европа, Азија, Северна Америка и Канарските Острови. Се употребува како лековито растение за состојби поврзани со дишните патишта, дигестивниот тракт, како и зачинско растение.