Vitex agnus-castus L

Калугерскиот бибер расте во вид на грмушка висока до 3 метри. Развива дланковидни листови. Цветовите се со светло виолетова или бела боја и интензивен пријатен мирис, поставени на врвот од гранчињата како гроздови. Природно се развива на подрачјето на целиот Медитеран и по источните крајбрежија на Индискиот Океан. Се одгледува како декоративно и медоносно растение. Цвета во периодот од јуни до септември.

Scroll to Top